• сабота, 23 ноември 2024

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан

Пецаков: Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан
Охрид, 27 октомври 2021 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во својата изборна програма најави изградба на велосипедската патека од Охрид до Свети Стефан за безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба. -Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната средина, вели Пецаков. Проектот покрај задоволување на големиот интерес на населението за патување со велосипед, придонесува за подобрена туристичката понуда во Охрид и директно се придонесува за зголемување на атрактивноста на градот, привлекување и задржување на посетителите. аб/мд/

Остани поврзан