• понеделник, 23 декември 2024

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО

Скопје, 1 декември 2024

6 месеци ЈО е во зимски сон. 6 месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите.

Иако во јавноста преку медиумите излегоа мноштво докази, ЈО не мрдна со прст, а институтот отворање на предмет по допрен глас очигледно е мисловна категорија.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, наместо да почне да ја работи работата за која е платен продолжува со оправдувања.

Љупчо Коцевски е целосно одговорен за неработата на обвинителите под него. Само тој и обвинителите бирани во Струмица и Зајас може да не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Државна Лотарија, ЈПДП, Министерството за здравство и другите институции за кои дури и медиумите изнесоа голем број сознанија за милионски криминали.

Само Љупчо Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во Онкологија, набавките на мазут, јаглен и гас, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје - Блаце.

Оваа летаргичност која ја гледа од ЈО и нивната закрила за политичките криминалци од СДС и ДУИ е причина за недовербата на граѓаните во правосудството.

ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот функционира како негов чадор, тоа мора да се промени. ЈО да почне да си ја работи работата. Граѓаните очекуваат правда и владеење на право.

Бране Петрушевски, пратеник

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан