• четврток, 19 март 2026

Петрушевски: Сè додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ

Петрушевски: Сè додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ

Скопје, 19 март 2026

Политичкиот театар на СДС и ССМ заврши во еден чин. Фијаското на протестот викендов покажа дека вистинските работници не се дел од ССМ, таму се луѓе што СДС ги облече во синдикални, а некои и во партиски маички, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Дистанцирањето од вистинските предизвици со кои се соочуваат работниците на Трендафилов и ССМ добро им прилега и затоа шуруваат со СДС.

Трендафилов и ССМ бараат сè што СДС ќе им напише на ливче. Затоа молчеа и не ги поздравија колективните договори на Владата со други синдикати, со што се зголемија платите на работниците во јавниот сектор.

0 колективни договори за 1,5 година власт склучи ССМ со Владата, но затоа потпиша еден важен договор, а тоа е договорот со СДС.

Сè додека Трендафилов одработува за СДС, работникот ќе си оди од ССМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан