Петров: Демир Капија го започна пролетното чистење, се отстрануваат дивите депонии
- Општина Демир Капија го започна пролетното чистење, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. Тој појасни дека четири багери се веќе на неколку локации и се отстрануваат дивите депонии.
Демир Капија, 7 мај 2025 (МИА) - Општина Демир Капија го започна пролетното чистење, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. Тој појасни дека четири багери се веќе на неколку локации и се отстрануваат дивите депонии.
- Општина Демир Капија го започна пролетното чистење, дел од акцијата „GENERALKA WEEKEND“. Се започна денеска, а ќе се продолжи и утре, екипи од локалната самоуправа, со помош на специјализирана механизација, пристапуваат кон отстранување на диви депонии што подолг период претставуваат еколошки проблем и нарушување на урбаната и природната средина, појасни градоначалникот.

Притоа најави дека во продолжение на овие активности, на 9 мај е планирана волонтерска еко-акција во која ќе се вклучат голем број граѓани, ученици, претставници од јавни институции, здруженија и активисти, кои ќе собираат отпад на повеќе локации во различни населени места на територијата на општината.
Петров подвлече дека целта на оваа активност е не само расчистување на отпадот, туку и подигнување на свеста за значењето на заштитата на животната средина, одговорното однесување и грижата за заедничкиот простор.
- Со оваа иницијатива, Општина Демир Капија испраќа јасна порака за потребата од здрава и чиста околина и ги охрабрува сите жители да се приклучат и да дадат свој придонес кон поубаво и поуредено живеалиште, истакна Петров. свд/aa/
Фото: Општина Демир Капија