• среда, 25 декември 2024

Петровска: Кога зборуваме за европска интеграција, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и тоа што сакаат да го постигнат

Петровска: Кога зборуваме за европска интеграција, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и тоа што сакаат да го постигнат

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Албанската опозиција треба да се занимава со прашања кои се од интерес на државата. Жалам што се уште во Северна Македонија постојат предзнаци на албански и македонски партии, мислам дека треба да се издигнеме на едно повисоко ниво, а тоа е кога зборуваме за европска интеграција на нашата држава, треба да зборуваме за политички партии по однос на нивната идеологија и тоа што сакаат да го постигнат. Интерес на секоја опозиција е да дојде на власт, меѓутоа, како ќе дојдат на власт и што ќе направат и како ќе се претставите пред граѓаните и каква прогресивна програма ќе претставите е обврска и на нив и на политичките партии кои се дел од власта, рече министерката за одбрана и Славјанка Петровска.

Таа, во емисијата Само Интервју на Канал 5 Телевизија, кажа дека навлегување на една иста националналистичка реторика кој е поголем Албанец или Македонец, не враќаат наназад, и оти таа реторика ја имавме порано и е завршена. 

-Ние понудивме концепт за идниот тек на патот на нашата држава и го нарековме европски пат, така као што сметаме дека државата треба да продолжи. Кои партии ќе прифатат да бидат дел од тој европски блок, ќе видиме. Тоа ќе бидат политички партии кои ја делат заедничката визија за Северна Македонија како европска држава и држава членка на ЕУ, покрај тоа што го постигнавме и најголемиот успех досега, а тоа е членството во НАТО алијансата. Очекувам во тој блок да се приклонат и да го подржат политички партии кои се со европска ориентација. Тие што сакаат Северна Македонија да продолжи на патот кон ЕУ без притоа да предизвикуваат или создаваат некои нови препреки, туку напротив, со носење на одлуки кои се тешки но, треба да гледаат подалеку од сопствените интереси и рејтинзи, рече таа.

Петровска во врска со анкетите кои излегоа во јавноста посочи дека, тоа е еден сегмент, но се прават подлабински анализи. 

-СДСМ јасно кажа и ќе повторуваме дека сакаме целосна интерграција на земјата во ЕУ, тоа е единствениот пат кој треба да го одбереме сите заедно, рече Петровска.

Според неа, техничка е владата зашто сме пред избори, меѓутоа, посочи, оваа влада и сите институции треба да гарантираат дека сите обврски и надлежности ќе ги исполнуваме онака како што е предвидено и нема да попречиме во нормалното функционирање на државата.

-Покрај тоа што фокус се изборите, се разбира си ги извршуваме и секојдневните активности секој од своја надлежност. Во врска со вашето прашање, на Алијанса и превирањата што тие внатре ги имаат во нивната политичка партија, од тој аспект јас не би навлегувала да ги анализирам случувањата во нивната партија, меѓутоа ќе кажам дека она што е предлог на претседателот на владата, Џафери, кој е веќе предложен во Собранието, а тоа е замената на двајцата министри, се надевам дека ќе биде подржан, рече таа.

Таа посочи дека СДСМ ги следи изјавите дадени во јавноста од Таравари кои се во насока дека гледаат преспектива во опозициониот блок. Петровска посочи дека ако сметаат дека опозицискиот блок дава подобри шанси, зошто воопшто седат во владата и седењето во влада кога се на став дека подобра е опозицијата нема логика.

-Многу длабоко навлеговме во тоа што се случува во албанските партии, и за тоа дали е некој против ДУИ, а во државата на маса имаме нерешени прашања кои треба да ги решиме час поскоро за доброто на државата. Се заглавивме во дисикусија што се случува во нив. Она што е најважно за секој кој учествува во политиката особено во наредниот период како ќе доаѓаат изборите, е да бидеме чесни и одговорни пред сопственото гласачко тело, пред граѓаните. Едноставно да бидеме искрени и чесни. И да кажеме кој е планот на секој од нас и како политичари и како претставници на политички партии, рече Петровска. нд/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан