• среда, 27 ноември 2024

Бесими за МИА: Со Планот за раст на ЗБ за 10 години се очекува двојно зголемување на БДП и доближување до стандардот на ЕУ

Бесими за МИА: Со Планот за раст на ЗБ за 10 години се очекува двојно зголемување на БДП и доближување до стандардот на ЕУ

Брисел, 23 ноември 2023 (МИА) - Предност на Планот на ЕУ за раст на Западниот Балкан е тоа што не е врзан со политичките критериуми во процесот на интеграција во Унијата, туку се базира на имплементација на утврдената реформска агенда, изјави за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими по вчерашната прва подготвителна средба во Брисел со претставниците на Европската комисија за утврдување на основните елементи на агенда на реформи што треба да се подготви за реализација на проектите од Планот.  

- Со овој План се очекува за 10 години двојно да се зголеми БДП и побрзо да се доближиме до европскиот пазар и до стандардот на земјите од ЕУ, истакна Бесими. 

Тој потенцира дека Планот е врзан за реформската агенда која ние ја дефинираме билатерално со Европската комисија и врз основа на имплементацијата на реформите, ќе следат и финансиски средства од ЕУ за поддршка.  

Новиот министер за финансии Фатмир Бесими во неговото прво интервју по преземање на оваа функција вели дека има средства за буџетот да се извршува непречено, односно редовно да се исплаќаат п

- Се зависи од нас. Откако ќе се прифати нашата реформска агенда, врз основа на имплементацијата на таа агенда, ќе можеме да ги користиме сите придобивки од овој процес. Со една реченица овој План за раст е базиран на реформи. Доколку реализираш реформи, следат финансиски средства. Доцниш со реформите, земјата нема да ги добива тие средства, истакна Бесими. 

Тој потенцира дека Европската комисија со Планот предвидува финансиска поддршка за земјите од регионот од шест милијарди евра за период од четири години, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди ќе бидат поволни кредити. Иако, се уште не е финализирано, сепак според Бесими, од овие средства на земјава ќе и бидат на располагање меѓу 800 и 900 милиони евра, кои ќе бидат повлекувани според однапред утврдена динамика.    

- Важно е што половина од тие средства од шест милијарди за земјите од Западниот Балкан одат за буџетска поддршка на реформите, изјави Бесими, посочувајќи дека од делот од средствата наменет за инфраструктурни проекти, две третини ќе бидат грантови, а една третина заеми.  

Тој нагласи дека со овој план се дава голем поттик на реформскиот процес, но и се придонесува за забрзување на интеграцијата на земјата и останатите држави од Западниот Балкан со ЕУ, што претставува одлична можност за граѓаните, за стопанството и за поттикнување на растот.  

Во рамки на грчката иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа, денеска во Солун ќе се одржи Конференција на високо ниво за европските перспективи на Западниот Балкан насло

- Значи со други зборови, ова е релативно амбициозен план, како додадена вредност во однос на тоа што се прави до сега и се работи за прилично висока сум на пари, додаде Бесими.    

Министерот истакна дека средствата што се планирани ќе им бидат исплаќани на земјите од регионот двапати годишно, согласно планот за реформи. 

- Доколку земјата не ги исполнува предвидените реформи, добива уште една година поправен рок да ги исполни, за да може да ги искористи средствата. Во спротивно, нема да може да ги користи средствата стриктно наменети за конкретни реформи во делот на буџетската поддршка, посочи Бесими, додавајќи дека целиот процес стриктно е базиран на реформи.   

Тој нагласи дека земјава ќе ги вложи сите напори, во координација со Европската комисија, да ја одработи на потребното ниво и во најкраток можен рок својата домашната задача од обврските поврзани со Планот за раст, со цел со спроведувањето на реформите и добивањето финансии од оваа програма, граѓаните и бизнисот што побрзо да ги почувствуваат бенефитите од него.  

null

- Нашата делегација ги презентираше реформските активности во приоритетните области согласно дефинираниот План за раст за Западниот Балкан. Имавме навистина корисен состанок на кој се исцртаа основните контури по кои треба да се движиме во подготовката на нашата реформска агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот, рече Бесими, додавајќи дека претставниците на ЕК искажале коментари во однос на презентираното од наша страна и дале сугестии за тоа на што според нив би требало да се стави поголем фокус.   

- Затоа е битно да имаме добра дефинирана агенда. Сега нашите средби се однесуваат на дефинирање на реформска агенда, која е услов за добивање на финансии за оваа програма, истакна министерот за финансии.    

Тој потенцира дека во самиот план за раст клучни се четири столбови, односно области, и тоа делот на интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионалната соработка, фундаменталните реформи, поврзани со почитувањето на основните права и владеење на правото и начинот на финансирање.  

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност, изјави вечерва министерот за финанси, Фатмир Бесими, во гостување на Т

- Друг дел се инвестициските проекти, каде што се очекува во рамките на два постојни инструменти, да се поддржат и проектите предложени со овој развоен План. Тука се областите, како што се инвестициски проекти, поврзувањето преку инфраструктурни проекти во транспортот, потоа во енергетска транзиција и дигитализацијата, како и во социјална инфраструктура, изјави Бесими, додавајќи дека тие средства ќе се користат преку Планот на Европската комисија за Западниот Балкан, додека преку ИПА програмата ќе се обезбедуваат финансии за приоритетни проектите поврзани со климатските промени и животната средина.  

Според министерот, покрај овие основни, земјава со наша реформска агенда има дефинирано и дополнителни приоритети. 

- Првиот се однесува на доброто владеење, реформите во јавна администрација и поддршка на јавните финансии. Главна цел е да се направат институции кои функционираат ефикасно во интерес на граѓаните и стопанството, да се зголеми професионалноста, одговорноста, транспарентноста и ефикасноста на јавните услуги и на тие што се во јавниот сектор, без разлика дали е тоа јавната администрација или носителите на политиките, изјави Бесими.  

Втората област, според министерот, опфаќа реформи во делот на деловната клима и неформалната економија.   

Германската компанија „Гересхајмер“ почнува втора инвестиција во технолошко-индустриската развојна зона во Скопје. Станува збор за изградба на втора фабрика за специјализирани производи од ме

- Тука влегуваат сите реформи што ќе значат подобрување на конкурентноста на домашната економија, пристап до финансии за малите и средните претпријатија, вклучување на нашите компании во глобалните синџири на снабдување, пристап до европскиот пазар, како и намалувањето на неформалната економија, нагласи Бесими. 

Во делот на намалување на неформалната економија и подобрувањето на конкурентноста, според министерот, е опфатено и земјоделството. 

- Земјоделството има можности и потенцијал да се развие со цел да се намали неформалната економија, но и поефикасно да се користат земјоделското земјиште и средствата што се даваат за поддршка на земјоделците, потенцира Бесими. 

Делегација на Германското стопанство во земјава денеска во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе го означи почетокот на новата учебна година на третата генерација  ученици

Третата приоритетна област од аспект на реформската агенда, како што потенцира министерот, е развојот на човечкиот капитал и прилагодување на нашиот образовен систем за образование, обуки и вештини согласно потребите на пазарот на трудот.   

- Следна приоритетна област се енергетската и зелената транзиција. Тука се мисли на стратешките аспекти за намалување на користењето на фосилните горива, односно премин на обновливи извори на енергија. Потоа, зголемување на енергетската ефикасност, како и диверзификација на изворите за снабдување со енергија, со цел да се зајакнат енергетската независност и безбедност, но и за зголемување на домашните капацитети и намалување на зависноста од само еден извор на енергија, потенцира Бесими. 

Тој нагласи дека покрај овие приоритетни области, како посебна хоризонтална област, која се испреплетува со претходните е процесот на дигитализација, што ќе значи дигитализирање на целиот систем.  

Според него, целиот процес се одвива со забрзан интензитет и посакуваната динамика, како од наша, така и од страна на ЕУ, па за неполни 10 дена се реализираа два чекори во тој процес, што дава потврда дека посветеноста и од двете страни е на високо ниво.  

- Роковите се релативно куси. Се очекува до 6 декември, ние, земјите од Западниот Балкан, да го доставиме концептот на реформи до Европската комисија и таа да ги оцени и да ги прифати. Потоа, тие ќе бидат доставени до Советот на ЕУ, кој на 13 декември ќе ги разгледа на Самитот ЕУ-Западен Балкан, изјави Бесими, додавајќи дека целосната реформска агенда треба да биде завршена до почетокот на вториот квартал од 2024 година, по што ќе следува и конкретната реализација на реформите согласно утврдена динамика и исплата на средствата за поддршка на нивното спроведување.  

Предвидено е во април на земјава да и бидат исплатени првите средства од Планот, како предфинансирање, во износ од седум отсто од предвидените средства што треба да ги добие.

 - И потоа на секои шест месеци како што го реализираме планот, така се испорачуваат средствата, истакна Бесими за МИА, додавајќи дека затоа е клучно да се направи таков концепт и сет на реформи што ќе помогне за забрзување на спроведувањето на целата програма и на интеграцијата со ЕУ, како и економска, така и социјална. сп/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан