• четврток, 19 декември 2024

Петков: Сторителите на воените злосторства во Буча да сносат одговорност

Петков: Сторителите на воените злосторства во Буча да сносат одговорност
Софија, 3 април 2022 (МИА) - Премиерот на Бугарија Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека се ужасни податоците за цивилите Украинци убиени од руската армија и фотографиите од крвопролевањето во Буча.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер Петков изрази длабоко сочувство и солидарност со народот на Украина.
Тој е категоричен дека „Русија мора да ја прекине оваа војна и сторителите на овие воени злосторства да сносат одговорност“. нк/паг/

Остани поврзан