• сабота, 23 ноември 2024

Петков: Останувам на ветеното одлуката за Северна Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Петков: Останувам на ветеното одлуката за Северна Македонија да ја донесе бугарското Собрание
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Ми се допаѓа францускиот предлог и мислам дека не може да има друг таков предлог, изјави денеска во Брисел бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков. Тој нагласи дека ќе остане доследен на дадениот збор и на што „му го ветил на бугарскиот народ“ дека Народното собрание мора да се произнесе по предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија. - Се надевам дека во наредните денови Народното собрание ќе донесе одлука за ова прашање. Имаме историски момент да можеме да ги заштитиме сите наши бугарски интереси, работи за кои сме сонувале и со овој предлог да го заштитиме бугарскиот интерес на долг рок, рече Петков пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тој им порача да пратениците во бугарското Собрание да не се обидуваат да „му го префрлаат жешкиот компир“ за тој сам да решава за францускиот предлог. - Ако сте државници, отидете во Комисија и нека се донесе вистинската одлука, им порача Петков на пратениците членови на Комисијата за надворешната комисија на бугарското Собрание, од која бара да ја донесе конечната одлука околу прифаќање или одбивање на францускиот предлог. Според Петков, во целиот изминат период „прашањето за Република Северна Македонија беше маглата спуштена во јавниот простор, само со една цел – за да се потресува Владата и да се крадат милијарди“. Тој се обрати и до бугарскиот претседател Румен Радев, нагласувајќи дека е неприфатливо што веќе две недели не го свикува Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) и само „се крие на различни места“. - Ако си претседател на место, го свикуваш КСНС, сите служби и партии, седнуваме заедно, разговараме и излегуваме со став. Маските паднаа. Се изморив од кукавици, додаде Петков. сп/са/

Остани поврзан