• вторник, 24 декември 2024

Петковски: Референдум за преговорите со Бугарија бидејќи прашањата навлегуваат во суверенитетот

Петковски: Референдум за преговорите со Бугарија бидејќи прашањата навлегуваат во суверенитетот

Тетово, 23 јуни 2021 (МИА) - Претседателот на Нова социјалдемократска партија (НСДП) Тито Петковски смета дека треба да има консултативен референдум поради наметнатите условите кои ги испорачува Бугарија за членство на Македонија во ЕУ. Тој вели дека како носители на суверенитетот граѓаните треба да го имаат конечниот збор, а ваквата иницијатива размислува да ја покрене поради тоа што станува збор за прашања кои навлегуваат во сферата на идентитетски карактер и на суверернитетот.

-Ние носиме идеја на локалните избори едновремено да направиме и еден консултативен референдум. И онака луѓето ќе излезат на гласање и да ги прашаме граѓаните дали сакаат под овие услови што Бугарија ги нуди да почнеме преговори за утврдување на преговарачката рамка. Само на тој начин одлуките на премиерот на Владата, ќе имаат кредибилитет и поддршка од народот, ќе му ја олесниме положбата. Во меѓу време ќе има и попис на крај на септември и точно ќе видиме колку ќе се произнесат како Бугари и ќе завршат изборите во Бугарија, дали има промени во ставот на новата бугарска влада, изјави Петковски од Тетово, каде се одржува регионална средба на партиските локални раководства.

Несогласувањето во ЕУ околу преговарачката рамка е пораз на самата Унија, како и на Бугарија, смета лидерот на НСДП.

-Ако не може да се согласат околу преговарачката рамка земјите членки на ЕУ поради ветото од Бугарија за прашања кои немаат врска со критериумите и стандардите за влез на некоја земја во ЕУ особено со Копенхашките критериуми, туку нешто што е само прашање билателарен спор меѓу Македонија и Бугарија, навистина загрижувачки е и неизвесен е патот на Македонија кон ЕУ. Ако се повтори приказната со 28 години противење, ако чекаме уште толку, тоа ќе разочара и обесхрабри многу луѓе. Ова е пораз и на ЕУ и на Бугарија. Не ги почитуваат земјите членки на ЕУ сопствените критериуми и стандарди кога јавно говорат дека Македонија заслужува почеток на преговори и утврдување на преговарачка рамка, а билатералните прашања да се остават на страна. Најмногу последици ќе ги почувствуваме ние, рече Петковски.

Регионална средба во Тетово претставува подготовка за локални избори. е прави изборна стратегија, како НСДП ќе се подготвува да се апсолвираат основни прашања, критериуми. Идеја е  да се кандидираат луѓе кои не се членови на НСДП и ниту една партија. Има луѓе кои се креативни и без политички багаж и хипотека, кои сакаат да го унапредат животот на еден повисок стандард. Одгласот кај луѓетто на локално ниво е позитивен, смета Тито Петковски. ас/мд/

Остани поврзан