• понеделник, 23 декември 2024

Пероне на позајмица во Комо до крајот на сезоната

Пероне на позајмица во Комо до крајот на сезоната

Комо, 26 август 2024 (МИА) - Аргентинскиот играч на Манчестер Сити, Максимо Пероне ќе игра до крајот на сезоната како позајмен во Комо, соопшти денеска италијанскиот клуб.

Пероне (21) пристигна во Манчестер Сити на почетокот на 2023 година од Велез Сарсфилд, а за англискиот клуб одигра само два натпревари.

Аргентинскиот фудбалер минатата сезона ја мина на позајмица во Лас Палмас. Во првото коло од Серијата Комо беше поразен од Јувентус (0:3), а во второто коло ќе му гостува на Каљари. дс

Фото: Комо

Остани поврзан