Пендаровски се сретна со младиот математички гениј Или Морина
- Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими 13-годишниот математички гениј Или Морина од Скопје.

Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими 13-годишниот математички гениј Или Морина од Скопје.
- Или Морина е еден од оние надарени ученици кои импресионираат со своите постигнати резултати.
Математичкиот генијалец од својата четврта година решава задачи и своето знаење го споделува јавно преку едукативни видеа на интернет, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Преку објавата, претседателот на младиот Морина му посакува уште многу успеси на неговиот пат кон усовршување на својот талент.фф/са/
