• среда, 25 декември 2024

Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Пендаровски на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум насловен „Обнова на довербата“ што се одржува во Давос. 

Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, шефот на државата предвидено е да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

На годинашниот состанок на Светскиот економски форум во Давос е предвидено учество на над 100 шефови на држави и влади, претставници на водечките меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество, експерти, младински претставници, социјални претприемачи и новински куќи. мд/ац/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан