• среда, 25 декември 2024

Пендаровски - Лајчак: Обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата

Пендаровски - Лајчак: Обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска во Давос остварил средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград-Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот.

-Во однос на перспективите на Северна Македонија, двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички чинители, за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски и специјалниот претставник на ЕУ Лајчак ја нагласиле важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес. дма/aa/

Фото: Кабинет на Претседателот на  Република Северна Македонија

 

Остани поврзан