• среда, 27 ноември 2024

Пекрес ја одби донацијата на Саркози за покривање на трошоците за претседателската кампања

Пекрес ја одби донацијата на Саркози за покривање на трошоците за претседателската кампања
Париз, 5 мај 2022 (МИА) - Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози и дал донација на кандидатката на десницата Валери Пекрес за да и помогне да го врати долгот подигнат за финансирање на претседателската кампања, јави дописникот на МИА. Според Политико Саркози и дал на Пекрес околу пет милиони евра по првиот круг од претседателските избори, на кои таа освои 4,78 отсто од гласовите. Откако Пекрес одбила, парите биле вратени на сметка на Саркози. Саркози со месеци одбиваше јавно да го поддржи Пекрес, а помеѓу двата изборни круга повика да се гласа за Емануел Макрон. тг/ми/

Остани поврзан