• понеделник, 16 јуни 2025

Педри стана најмладиот играч со 200 настапи за Барселона

Педри стана најмладиот играч со 200 настапи за Барселона

Барселона, 16 мај 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, стана најмладиот играч кој стигнал до 200 настапи за клубот.

Ова се случи за време на натпреварот од 36-тото коло на Ла Лига против Еспањол (2:0).

Во времето кога ја одигра средбата, тој имаше 22 години и 171 ден.

-Ова е мојот 200-ти натпревар за Барселона? Сонував да одиграм само еден натпревар за овој клуб, но денес го одиграв мојот 200-ти натпревар. Се стремам кон се повеќе и повеќе бидејќи Барселона е клубот од моите соништа, рече Педри, цитиран од „БарсаТајмс“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан