• вторник, 12 ноември 2024

Пахор повторно побара да се зголемат овластувањата на армијата

Пахор повторно побара да се зголемат овластувањата на армијата
Љубљана, 15 април 2020 (МИА) - Словенечкиот претседател Борут Пахор, кој заедно со министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и за одбрана Матеј Тонин беше во посета на јужната граница кон Хрватска, изјави дека треба повторно да се разгледа можноста од давањето на поголеми овластувања на армијата со цел заштита на границата. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, првиот обид да се активира членот 37 од Законот за одбрана, со која на армијата ќе добиеше дополнителни овластувања пропадна, откако немаше доволен број пратеници кои го поддржаа предлогот. - Аргументите за активирање може не беа доволно убедливи. Во Собранието може доминира мислење дека Владата сака да ја искористи состојбата со епидемијата за други цели. Но, факт е дека и армијата се согласува да добие поголеми овластувања, изјави Пахор. Целта на Владата е да и даде на армијата поголеми овластувања со цел заштита на јужната граница, што е под притисок од нелегалната миграција, бидејќи полицијата се повлекува во внатрешноста на земјата поради спроведување на мерките за ограничување на движењето поради новиот коронавирус. ав/ми/

Остани поврзан