• среда, 13 ноември 2024

Пахор ги осуди насилните протести во Љубљана

Пахор ги осуди насилните протести во Љубљана
Љубљана, 6 ноември 2020 (МИА) - Претседателот на Словенија, Борут Пахор го осуди насилството на протестите против епидемиолошките мерки, одржани синоќа во Љубљана, во кои беа повреденичетворица полицајци, додека неколку лица беа уапсени. Пахор рече дека остро го осудува насилството како средство за остварување политички цели и истакна дека сите демократски институции во Словенија работат и покрај пандемијата. - Легитимно е да се критикува нивната работа и ставови, како и да се организираат протести на соодветен начин, но недозволиво е нивно поврзување со насилство, рече Пахор. Насилните протести ги осуди и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој рече дека ваквите протести не се добредојдени во Љубљана ниту на кое било друго место, пренесува агенцијата СТА. Протестите беа осудени и од две словенечки новинарски здруженија, откако беше повреден фотограф кој е примен во болница, а на мета била една телевизиска екипа. И двата полициски синдиката го критикуваа насилството на протестите и однесувањето на поединци кои го загрозуваат здравјето на полицајците. Синоќа во Љубљана избувнаа протести против владините мерки против коронавирусот, на кои имаше околу 500 демонстранти. Во протестите беа повредени четворица полицајци, а десет демонстранти беа уапсени. паг/    

Остани поврзан