Патниот правец Отовица-Сојаклари ќе се реконструира
- Во соработка со Владата и Министерството за транспорт, Општина Велес оваа пролет ќе работи на реконструкција на патот Отовица –Сојаклари , кои села се наоѓаат во близина на велешко езеро „Младост“, инфорира денеска градонаќалникот Марко Колев
Велес, 20 февруари 2026 (МИА) - Во соработка со Владата и Министерството за транспорт, Општина Велес оваа пролет ќе работи на реконструкција на патот Отовица-Сојаклари , кои села се наоѓаат во близина на велешко езеро „Младост“, информира денеска градоначалникот Марко Колев.
- Со тоа ќе се реши уште еден долгогодишен проблем на жителите од овие две велешки села. Од Владата преку Министерството за транспорт обезбедени се финансиски средства за реконструкција на делницата што ги поврзува велешките села Отовица и Сојаклари. Овој патен правец е долгогодишно барање на жителите кои транзитираат во овој реон, а градежните зафати ќе започнат со создавање на поволни временски услови,оваа пролет, најави Колев.
Тој потенцира дека рамномерниот развој на Општината е приоритет во нејзиното работење. ад/ац/
Фото: Општина Велес