• среда, 27 ноември 2024

Патник од летот на Рајанер: Нè придружуваа воени авиони при слетувањето и полетувањето

Патник од летот на Рајанер: Нè придружуваа воени авиони при слетувањето и полетувањето
Атина, 24 мај 2021 (МИА) - Десет минути пред Вилнус видовме дека сменивме правец, ни рекоа дека треба принудно да слетаме во Минск во Белорусија, а за деталите ќе нè известат подоцна, изјави за грчките медиуми, еден од патниците во вчерашниот лет на Рајанер и додава дека и при слетувањето и при полетувањето, комерцијалниот лет го следеле воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина. Никос Петалис еден од 11-те Грци во летот со 171 патник што од Атина полетаа за Вилнус говорејќи за телевизиите „Скај“ и „Ерт“, раскажува дека „целата ситуација била како на филм“, а за Роман Проташевич истакнува дека не знаел дека е новинар, но кога било соопштено дека авионот менува правец и се упатува кон Минск, блогерот се вознемирил. - Кога стигнавме, по четворица нè изнесоа на пистата и нè проверуваа со специјални кучиња. Цело време додека чекавме, новинарот беше до мене. Се гледаше неговата вознемиреност што се враќа во Белорусија. Него посебно го проверуваа. Потоа сите нè внесоа во автобус, со придружба и нè однесоа во чекална, каде што бевме три часа, без можност да одиме во тоалет, без храна, без никакви информации. Немаше некое службено лице, само чувари. Новинарот беше мирен. На крајот дојдоа високи функционери и го зедоа. Ние, откако ни ги проверија документи што траеше уште пет часа, заминавме, вели патникот за „ЕРТ“ и додава дека во самиот лет од Атина имало и тајни агенти. За телевизијата „Скај“ тој коментира дека првично, си помислил дека станува збор за некаква вежба и истакнува дека кога стигнале во Вилнус, ги пречекал литванската премиерка Ингрида Шимоните, која влегол во авионот, ги известиладека сè е во ред и им се извинила за непријатностите. ср/ми/  

Остани поврзан