• вторник, 24 декември 2024

Патарините во Грција ќе поскапат за 7,6 отсто од 2024 година

Патарините во Грција ќе поскапат за 7,6 отсто од 2024 година

Атина, 1 декември 2023 (МИА) – Патарините во Грција од 2024 година ќе се зголемат за 7,6 отсто, од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување од два отсто, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис објасни дека зголемувањето на цените е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата.

Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на оваа година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени.

Но, според Маринакис, станува збор за одложување на обврската, која сега треба да се исполни и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години. ср/сд/

Остани поврзан