• понеделник, 23 декември 2024

Партиска делегација на Левица положи цвеќе пред Споменикот на децата-бегалци во Жена-парк

Партиска делегација на Левица положи цвеќе пред Споменикот на децата-бегалци во Жена-парк

Скопје, 1 јули 2023 

Денес, висока партиска делегација предводена од пратеникот Борислав Крмов, генералниот секретар - Јована Мојсоска и раководителката на АФЖ - Весна Кираџиева, положи цвеќе пред Споменикот на децата-бегалци во Жена-парк. Настанот беше организиран од страна на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, со дел да се одбележи 75 години од бруталниот егзодус врз македонскиот народ.

На денешен ден, со авиони на британското воено воздухопловство, започна бомбардирањето во Егејска Македонија, каде прв пат човештвото посведочи напалм бомби. Тогаш, британската влада ги поддржа монархо-фашистичките сили, со цел на власт да не дојдат прогресивните сили на отпорот против фашизмот.

За лицемерието на европските бирократи говори фактот што од Грција, како рамноправна членка на ЕУ, никогаш не беше побарано репарации за ваквиот страшен егзодус. Ден - денес, Македонците не можат да се вратат во своите домови. Од друга страна, сведочиме како ЕУ континуирано ја условува Македонија, со прашања кои задираат директно во националниот идентитет - иако македонскиот народ беше на правилната, антифашистичка страна за време на Втората светска војна.

Анти-македонската влада предводена од СДСМ, иако беше поканета на церемонијата, сепак ниту еден владин претставник не присутвуваше на обележувањето на оваа национална трагедија за Македонците. Со Преспанскиот договор, СДС се откажа од Македонците во Егејска Македонија и ги сведе на група без идентитет, која говори јазик различен од грчкиот.

За жал, она што грчката хунта со брутален прогон и насилна асимилација се обидуваше да го направи врз Македонците - тоа го финализира владата на Заев со нелегимитниот договор од Преспа.

Не смее да дозволиме борбата на Македонците во Егејска Македонија да биде избришана од колективната меморија - затоа што само преку болката од минатотото можеме да ја градиме иднината.

Политичка партија Левица

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Левица

 

Остани поврзан