• четврток, 26 декември 2024

Парламентарното мнозинство ги избра и замениците на министрите: Владата продолжува уште поефикасно по реформскиот, европски пат  

Парламентарното мнозинство ги избра и замениците на министрите: Владата продолжува уште поефикасно по реформскиот, европски пат  

Скопје, 2 март 2023

На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра петтемина нови заменици на министри во Владата:Тирон Јајага, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,Викторија Аврамовска-Мадиќ, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда,Вјолца Бериша, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,Маја Манолева, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство иАгим Нихиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука.Со изборот на замениците на министри во Владата на Република Северна Македонија заврши повеќедневната дебата во Собранието на Република Северна Македонија за разрешувања и избор на нови министри и заменици на министри.„Владата ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните, по трасираниот, европски пат“, порача премиерот Ковачевски. Сите чекори на Владата, рече премиерот Ковачевски, се и ќе бидат во функција на напредокот на државата и на добрата иднина на граѓаните и апелираше на совесно носење зрели одлуки во Парламентот, во насока на европските перспективи.

Фото: Влада

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан