• сабота, 23 ноември 2024

Парламентарните избори во Австрија ќе се одржат на 29 септември

Парламентарните избори во Австрија ќе се одржат на 29 септември

Виена, 12 јуни 2024 (МИА) - Австриската Влада денеска соопшти дека парламентарните избори во таа земја ќе се одржат на 29 септември.

Ова доаѓа по тесната победа на екстремно десничарската Партија на слободата над конзервативната Народна партија на канцеларот Карл Нехамер на изборите за Европскиот парламент на кои партиите на цврстата десница постигнаа голем успех.

На изборите за Европскиот парламент Партијата на слободата освои 25,4 отсто од гласовите, а Народната партија 24,5 отсто поддршка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан