• сабота, 23 ноември 2024

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ


Париз, 14 мај 2024 (МИА) – Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс.
Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС).
Студијата содржи ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра.
Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на цела Франција.
Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан