• среда, 27 ноември 2024

Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и побара интервенција од меѓународната заедница

Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и побара интервенција од меѓународната заедница

Рим, 25 септември 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи се што е во нејзина моќ за да се стави крај на тоа.

Поглаварот на Римокатоличката црква изрази жалење за ситуацијата во Либан, каде во последните денови бомбашките напади предизвикаа разорни уништувања.

-Се надевам дека меѓународната заедница ќе ги вложи сите можни напори да стави крај на оваа страшна ескалација, рече папата.

Од понеделникот израелските воздушни напади се насочени кон упоришта на проиранското исламистичко движење Хезболах на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут.

Во овие напади досега загинаа повеќе од 550 лица. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан