• сабота, 23 ноември 2024

Папата Франциск ја прекина неделната аудиенција за да одговори на телефонски повик

Папата Франциск ја прекина неделната аудиенција за да одговори на телефонски повик

Рим, 17 мај 2023 (МИА) - Папата Франциск денеска ја прекина својата неделна аудиенција на плоштадот Свети Петар за да оствари телефонски повик, принудувајќи ги насобраните верници да го чекаат повеќе од една минута.

Еден помошник на понтифот му подаде мобилен телефон и му покажа на човекот кој требаше да чита од говорницата да чека.

Прес-службата на Ватикан, која вообичаено не ги коментира приватните разговори на Франциск, не одговори на прашањата за телефонскиот повик.

Слични инциденти имало и порано, иако 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква е критичен кон мобилните уреди и ги предупреди верниците да не стануваат зависни од нив.

Во 2021 година, имаше најмалку два слични случаи кога, на крајот од општата аудиенција, Франциск се извини и отиде да разговара на телефон. Свештениците кои се наредија за да го поздрават мораа да чекаат светиот отец да заврши со телефонскиот разговор. ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан