• вторник, 25 март 2025

Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели

Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели

Рим, 23 март 2025 (МИА) - Папата Франциск денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА.

Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.

На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата - и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.

Франциск денеска се појави на балконот на болницата во инвалидска количка, насмеан и мавтајќи им на луѓето собрани пред болницата.

Лекарите на папата вчера рекоа дека сепак ќе му треба време за целосно да закрепне со оглед на неговата возраст и оти го советувале да одмори уште два месеца во Ватикан.

Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.са/

Фото: ДПА

 

 

Остани поврзан