• среда, 20 ноември 2024

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите

Ватикан, 3 февруари 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст на нападите врз Евреите ширум светот“, наведувајќи дека овие напади претставуваат „напад врз Бог“.

-Патот по кој тргна Црквата со вас, старите луѓе на Пактот, ја отфрла секоја форма на антијудаизам и антисемитизам, недвосмислено осудувајќи ги манифестациите на омраза кон Евреите и јудаизмот, како грев против Бога, напиша Папата во писмо „до неговите еврејски браќа и сестри од Израел“, кое го објави Ватикан.

Папата Франциск истакна дека католиците ширум светот се загрижени поради порастот на антисемитизмот и нападите врз Евреите ширум светот од 7 октомври, пренесоа италијанските медиуми.

-Се надевавме дека „никогаш повеќе“ ќе биде рефрен што ќе го слушнат новите генерации, но сега гледаме дека патот напред бара уште поблиска соработка за да се искоренат овие појави, заклучи поглаварот на Римокатоличката црква. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан