• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск во велигденската молитва посака мир за народите исцрпени од војна, глад и угнетување

Папата Франциск во велигденската молитва посака мир за народите исцрпени од војна, глад и угнетување

Ватикан, 1 март 2024 (МИА) - Папата Франциск во денешната велигденска молитва им посака мир на нациите исцрпени од војна, глад и угнетување.

Папата повторно го честита Велигден и им се заблагодари на сите што му испратија честитки, пренесе АНСА.

„Воскресението на Исус не е само прекрасна вест или среќен крај, туку нешто што целосно и засекогаш ги менува нашите животи. Тоа е победа на животот над смртта, надежта над очајот“, рече Папата.

Во својата велигденска порака во неделата, папата Франциск повика на прекин на огнот во Газа и пристап до хуманитарна помош во областа, и истакна дека мирот никогаш не се гради со оружје, туку „со поддавање раце и отворање срца“.

Во пораката се осврна и на Западен Балкан, велејќи дека етничките, културните и верските разлики не смеат да бидат причина за поделба. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан