• среда, 27 ноември 2024

Панов победник на втората рунда од снукер првенството

Панов победник на втората рунда од снукер првенството

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Откако во февруари стартуваше новиот формат на националното снукер првенство, изминатиот викенд беше во знакот на вториот од предвидените четири турнири во „А Дивизијата“.

По многу пресврти Петар Панов го победи долгогодишниот ривал Берат Јашари во едно од највозбудливите финалиња досега. Актуелниот трикратен првак Јашари најпрво изедначи во мечот, за по второто водство на Панов од 2:1 да го сврти резултатот во своја корист на 3:2, по што Панов да испорача досега невидена стабилност и концентрација во финишот за кончена победа од 4:3, притоа постигнувајќи „half century“ изразен како 63 поени во шестиот фрејм. Со неколку високи брејкови во седмиот фрејм, Панов воопшто не му даде шанса на Берат и стави печат на овој турнир.

Третопласирани се противниците на Панов и Јашари од полуфиналето, поранешен првак Павле Данилов кој е во одлична форма по триумфот на првиот турнир, и овој пат расположениот за надигрување, Александар Ставриќ. И полуфиналињата започнаа во еден правец, за да завршат во сосема  друг. Ставриќ водеше со 2 спрема 1 против Јашари, но, кумановчанецот да направи пресврт и да победи со 4 спрема 2. И во второто полуфинале Данилов поведе против Панов, за потоа да се случи целосен пресврт и победа на кавадарчанецот од 4 спрема 1. 

Возбудливо беше и во групната фаза. Иако ждребот за А "групата на смртта" сакаше да ги спои Данилов, Јашари, Матоски и Ѓурчиновски, сепак Б групата беше таа што приреди голема возбудливост. Неизвесно беше до последните фрејмови од двата последни меча каде сите сценарија беа возможни. Сепак Панов и Ставриќ со по две победи успеаа да закажат полуфинале со Јашари и Данилов од А групата. Од групната фаза вредно е да се истакне и „half century“ на Колоски од 51 поен во низа, како и 46 поени на Лукревски. Фактот дека и двајцата не успеаја да влезат во елиминациите, доволно кажува за квалитететот и изедначеноста на најдобрите осум во „А дивизијата“.

По второто коло имаме нов изглед на табелата: Панов го презема првото место од Данилов кој паѓа на второ место, по што следува Јашари. Последните два турнира кои се на програмата по летната пауза се ветување за возбудлив расплет на борбата за шампионската титула во 2024 година.

Идниот викенд на програмата е првенството во „Б дивизијата“ каде што лидер на табелата е Влатко Јанев, кој во паузата меѓу двата турнира имаше и настап на Европското првенство каде што за разлика од „колегите“ успеа да стигне и до меч-победа. дс

Фото: Македонска снукер федерација

Остани поврзан