• вторник, 24 декември 2024

Панајотопулос: Да се почитува духот на Шенгенскиот договор и Европскиот пакт за миграција и азил

Панајотопулос: Да се почитува духот на Шенгенскиот договор и Европскиот пакт за миграција и азил

Атина, 17 септември 2024 (МИА) – На мојот германски колега му нагласив дека мора да се почитува духот на Шенгенскиот договор и Европскиот пакт за миграција и азил за да не стигнеме до патишта што водат кон унилатерални дејствија и така да биде ставен во опасност, не само духот на Шенген и Европскиот пакт, туку и самиот дух на Европската унија, истакна министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос пред почетокот на конференцијата за миграција и безбедност на Западен Балкан во Берлин, јави дописничката на МИА од Атина.

Панајотопулос за време на посетата Германија се сретна со министерот за внатрешни работи на Германија Бренд Кросер на која разговарале за мигрантското прашање, а во рамките на конференцијата ќе оствари и други билатерални средби.

За одлуката на Германија да ги интензивира контролите на границите, грчкиот министер рече дека ги загрижува конкретната разврска, но објасни дека не станува збор за затворање на границите и „не треба да ја драматизираме ситуацијата“

Остани поврзан