• вторник, 26 ноември 2024

ОЈО Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче

ОЈО Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за грабнување и убиство на Вања и Панче

Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднел Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за грабнување и убиство на Панче Жежовски во Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. 

Како што соопштија од Јавното обвинителство лицето се товари за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и  едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик и за кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик и  едно кривично дело  –  Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од  Кривичниот законик.

-Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази, се наведува во соопштението.

Во ООУ „Јохан Хајнрих - Песталоци

Тие заедно, како што велат од Обвинителството, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

- На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано „Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството посочуваат дека на 27 ноември 2023 година, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата „Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано „Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

-Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, се додава во соопштението од Обвинителството.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.

По повеќе од пет месеци поминати во екстрадициски притвор во Турција, во мај годинава во земјава беше екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето. Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

Судењето поврзано со двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски  почнува на 4 септември пред Основен кривичен суд Скопје. дма/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан