Откриени 12 нови случаи позитивни на коронавирус на Игрите во Токио, од кои двајца се спортисти од Oлимпиското село
- Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки коми

Токио, 22 јули 2021 (МИА) – Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).
Двајца од заразените се странски спортисти кои се сместени во Oлимпиското село, другите десет се работници поврзани со организацијата на Игрите и службени лица.
Олимписките игри ќе започнат утре и ќе траат до 8 август. зс/