• среда, 27 ноември 2024

Откриена втора статуа на Коби Брајант и неговата ќерка

Откриена втора статуа на Коби Брајант и неговата ќерка

Лос Анџелес, 3 август 2024 (МИА) - На 2 август, НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс ја откри втората од трите статуи направени во чест на легендарниот кошаркар Коби Брајант во близина на „Крипто“ арената. Новата статуа го прикажува Брајант со неговата ќерка Џана.

Двајцата беа меѓу седумте лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во Јужна Калифорнија на 26 јануари 2020 година. Коби Брајант имаше 41 година кога почина, Џана имаше 13 години. 

Датумот беше избран затоа што 8 и 24 беа броевите што ги носеше Брајант во неговата кариера во Куќата на славните за Лејкерс, а 2 беше бројот што ги носеше Џана. Истите бројки беа избрани кога Лејкерси ја открија првата статуа на Брајант надвор од нивната домашна арена.

Лејкерси се уште немаат соопштено кога ќе биде готова третата статуа.

Во петокот, шкафчето што Брајант го користеше во соблекувалната на салата за неговите последни 13 сезони во НБА беше ставено на аукција за 2,88 милиони долари. „ЕСПН“, повикувајќи се на аукциската куќа „Сотби“, објави дека сумата била рекордна за спортско шкафче. дс

Фото: Лос Анџелес Лејкерс

Остани поврзан