• петок, 08 ноември 2024

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.

- Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас. Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски - тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат професор доктор Васил Дрвошанов и професор доктор Александар Прокопиев, се наведува во соопштението на ДПМ. бд/аа/

Фото: ДПМ

Остани поврзан