• понеделник, 23 декември 2024

Отворен ден на Армијата во Кичево по повод 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство

Отворен ден на Армијата во Кичево по повод 75 години од формирањето на НАТО и четири години од нашето членство

Скопје, 24 март 2024 (МИА) - На градскиот плоштад, покрај Домот на Културата во Кичево, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во соработка со општина Кичево организираат отворен ден за граѓаните.

Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини од баталјонот за специјални сили и алпинистички вештини од страна на ренџерската единица и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Активноста ќе биде проследена од началникот на штаб во командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од локалната самоуправа. 

Настанот во Кичево е последен од отворените денови за граѓаните кои се реализираа во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои се одбележаа 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО. ев/ац/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан