• понеделник, 23 декември 2024

Отворен ден во Црвениот крст во Охрид по повод Светскиот ден на волонтерството

Отворен ден во Црвениот крст во Охрид по повод Светскиот ден на волонтерството

Охрид, 5 декември 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид под мотото „Во заштита на хуманоста“ ќе го одбележи 5 Декември - Светскиот ден на волонтерството.

Во седиштето на организацијата денеска од 12 до 18 часот по тој повод ќе се одржи „Отворен ден“, каде преку дружење и разговори со волонтери на Црвениот крст заинтересираните ќе можат да се запознаат со изворите на мотивација за волонтирање и да го препознаат клучот на успехот на Црвен крст - Охрид кој се огледа токму во искрената посветеност на волонтерите во активностите на организацијата.

„На овогодинешниот ден акцент ставаме на оддавањето на признание на придонесот на нашите волонтери кои припаѓаат на сите генерации, од најмладите до највозрасните, кои во духот на хуманоста обезбедуваат поддршка за спроведување на нашите активности наменети за најразлични корисници на услуги на Црвен крст Охрид“, посочуваат.

Истовремено се упатува покана до граѓаните, пријателите, поддржувачите, помагателите на Црвениот крст, активните волонтери и оние кои имаат желба да постанат волонтери, независно возраста да го препознаат волонтерот во себе и да бидат дел од овој настан на кој ќе се истакне значењето на волонтерската активност и дејствување, и волонтерството како глобален феномен и фундаментална човечка вредност што ги развива основните постулати на граѓанското општество: почитување на разликите.

Инаку, Црвениот крст од Охрид како водечка волонтерска организација во Охрид и Дебрца со поддршка и вклученост на своите волонтери дава посебен придонес во справување со различни предизвици и реализација на активности од посебен интерес на заедницата. аб/дма/

фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан