• сабота, 23 ноември 2024

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот за уметности од Белград со изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ гостува во Галерија ФЛУ (објект Педагошка) на Факултетот за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изложбата, како што е најавено, ќе биде отворена вечер, во 20 часот, со присуство на деканската управа на ФЛУ Белград, професори и дел од учесниците на изложбата. 

„ФЛУ (Белград) Апертура 2024“ е изложба која ја сочинуваат шест одбрани уметници/чки кои во моментов се на докторски уметнички студии на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Тоа се уметниците: Ивана Ивковиќ, Марко Марковиќ, Миодраг Манојловиќ, Богољуб Ѓоковиќ, Лена Милановиќ и Александар Ракезиќ.

- Изложбата нуди актуелен увид во шест различни уметнички пракси, со сите нивни возбудливи манифестации и димензии, од апстракција до фигурација, од цртеж на хартија до делегирани перформанси. Од друга страна, како што може да се забележи, тематскиот спектар се движи од интимни искуства (од секојдневието) до прашања за родот и идентитетот, стои во најавата.

Изложбата ќе биде отворена до 26 ноември 2024 година. мд/aa/

Фото: Плакат

Остани поврзан