Отворање изложба „А капела“ на Стојан Павлески во Музеј на град Скопје
- Самостојната изложба „А капела“ на Стојан Павлески ќе биде отворена вечер во Музејот на град Скопје. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Самостојната изложба „А капела“ на Стојан Павлески ќе биде отворена вечер во Музејот на град Скопје. Изложбата е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Мултимедијалната изложба ’А капела‘ на Стојан Павлески во Музејот на Град Скопје, според професорот по естетика и филозофија, Вангел Ноневски, може да се чита не како репрезентација на спортска симболика, туку како визуелно поставен контекст во кој се активираат прашањата за идентитет, симболичко посредување и современи форми на колективна автоинструментализација/стигматизација.
-Она што се нуди не е завршено дело со стабилна смисла, туку семиотички лабилен контекст кој се конституира во зависност од позицијата, перцепцијата и културната заднина на набљудувачот. Така, инсталациите и визуелните сегменти не ја реконструираат архаичната арена на победа и пораз, туку ја разобличуваат како простор на посредувано искуство, во кое победата веќе одамна е одвоена од субјектот што трча. Наместо спектакл, ни се нуди дистанца; наместо патос, ни се нуди можност за деконструирање; наместо готова порака – провокација за мислење, наведува во предговорот за изложбата професорот Ноневски. рп/вг/
Фото: Музеј на град Скопје