• среда, 27 ноември 2024

Отворање на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники

Отворање на реновираниот Хируршки ургентен центар на скопските клиники
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и министерот за здравство Беким Сали денеска ќе присуствуваат на отворањето на реновираниот Ургентен хируршки центар во склоп на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ Скопје. На настанот Грковска и Сали заедно со директорот на клиниката Александар Трајановски ќе направат увид во реконструираниот Ургентен хируршки центар, по што ќе дадат изјави за медиумите. Како што соопшти Клиниката, станува збор за целосна реконструкција на 400 метри квадратни на Хируршки ургентен центар и тоа приемно oдделение, соба за реанимација, соба за тријажа, операциона сала, асептична соба, помошни простории и санитарни чворови за што се издвоени осум милиони денари буџетски средства и средства од донации. Оттаму наведуваат дека парите се искористени како за комплетно реновирање, така и за набавка на медицински инвентар и опрема. Претходно беше извршена реконструкција на Клиниката за Ортопедија, се додава во соопштението. ев/  

Остани поврзан