• вторник, 24 декември 2024

Остин: Како ниедна друга земја Израел има целосно право да се брани од тероризмот и агресијата 

Остин: Како ниедна друга земја Израел има целосно право да се брани од тероризмот и агресијата 

Брисел, 11 октомври 2023 (МИА) – Целиот хорор на нападите на Хамас станува се повидлив и во такви услови САД цврсто стојат зад Израел и неговото право да се брани себеси и своите граѓани од овие терористички напади, изјави денеска во Брисел американскиот државен секретар Лојд Остин. 

- Ќе бидеме во постојан контакт со нашите израелски партнери, за да осигуриме дека имаат се што им е потребно за да ја заштитат својата земја, додаде Лојд во обраќањето на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во рамки на дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО. 

Според него, како ниту една друга земја Израел има целосно право да се брани од тероризмот и агресијата и за тоа ја има целосната поддршка на НАТО. сп/

Фото: Скриншот

 

Остани поврзан