• сабота, 23 ноември 2024

Османи - Нарбаева: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

Османи - Нарбаева: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја почна посетата на Централна Азија.

Во фокус на средбата Османи - Нарбаева, како што соопшти МНР, беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

-Во таа насока, Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување на родова еднаквост до 2030 година. За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност, истакна Османи на средбата со Нарбаева.

Покрај на легислативата што се однесува на подобрување на позицијата на жените во општеството, Сенатот на Узбекистан тесно соработува со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како и зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на Парламентот во Узбекистан.

-ОБСЕ е подготвена да даде поддршка и во насока на спроведување на препораките на ОДИХР, како и во други области. Крајната цел на поддршката што ОБСЕ им ја дава на државните власти на Узбекистан е креирање на политики во полза на граѓаните и во насока на зацврстување на демократските процеси, рече Османи на средбата. 

Во рамки на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов ќе има заедничка прес-конференција.

Покрај средбите со државниот врв, на агендата на претседавачот се средби и со претставници на граѓанското општество, а Османи ќе ја посети и Канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан. мч/цр

Остани поврзан