• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе стане мост кон Брисел

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе стане мост кон Брисел

Скопје, 20 април 2024

 

Кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт Бујар Османи денеска ги посети тетовските села почнувајќи од Бозовце, Вешала, Бродец, Шипковица, Лисец, Гајре и др. и разговараше со жителите на овие села за неговата програма како претседател и за крстосницата во која се наоѓа државата што соодветствува со историската важност на неговата кандидатура за претседател.

Османи, нагласувајќи дека како кандидат на Европскиот фронт, односно на девет политички партии и четири заедници, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија, Албанци, Турци, Бошњаци и Роми, додаде дека овојпат шансите се многу сериозни да помине како кандидат Албанец во вториот круг. Земајќи во предвид дека гласовите ќе бидат распределени на 5 кандидати, секој силен на свој начин, тоа му дава предност да оди во вториот круг. „Но, ова бара мобилизација, затоа нема место кое не сум го посетил. И најголемата порака што можеме да ја пратиме е дека сега сме држава на два народа, кои се натпреваруваат во вториот круг за претседател, еден Македонец, еден Албанец. Ова е историска порака. Затоа ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија, а еуфоријата е како лавина од снег што собира се пред себе. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг“ – побара Османи поддршката од народот.

Меѓу другото, Османи се осврна и на убавините на овие села, споредувајќи ги со швајцарските и австриските туристички места, додавајќи дека ако бевме земја на Европската унија, ќе имаше конкуренција да се посети овој регион. Меѓу другото, тој додаде „ни треба поддршка, ни треба единство овој пат за да можеме да ги реализираме целите што ги започнавме, а целите се добри, намерата е добра: да се создаде полесен живот, подобар живот, да ги задржуваме луѓето овде, да ја донесеме Европа овде а не да се замине таму...ако ја постигнеме таа цел, можам искрено да кажам дека ова ќе биде центар на планинскиот туризам во Европа.

На крајот Османи им се заблагодари на сите жители за поддршката и додаде дека нивниот глас на 24 април ќе ја одреди судбината на изборите на 8 мај. „Ве повикувам во среда да се мобилизираме, да бидеме сите заедно бидејќи оваа одлука во среда, ја одредува насоката во која ќе оди иднината на нашиот народ, на нашата земја“ и подвлече дека за жал се соочуваме и со голема закана што доаѓа од национализмот кој е во постојан раст и се надева дека овој голем Европски фронт што е изграден, ќе стане силен штит кон тој национализам и ќе изгради мост што ќе води до Брисел.

Тимот на кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт Бујар Османи

Фото: Тимот на кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт Бујар Османи

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан