• четврток, 19 март 2026

Осимен заработи скршеница на раката на натпреварот со Ливерпул

Осимен заработи скршеница на раката на натпреварот со Ливерпул

Ливерпул, 19 март 2026 (МИА) – Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, ја скрши раката во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, објави турскиот клуб.

Галатасарај синоќа загуби со 4:0 на гостински терен од англискиот тим. Осимен се повреди во осмата минута од натпреварот по дуелот со дефанзивецот на „Црвените“, Ибрахима Конате.

Дваесет и седумгодишниот напаѓач доби медицински третман и му беше преврзана раката, по што го продолжи натпреварот, но беше заменет на полувремето.

Според турскиот клуб, болничкиот преглед покажа дека Осимен имал скршеница на десната подлактица и му бил ставен гипс.

Во сезоната 2025/26, нигерискиот напаѓач одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан