• понеделник, 23 декември 2024

Организација од Нов Зеланд дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога

Организација од Нов Зеланд дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога

Велингтон, 14 август 2024 (МИА) - Добротворна организација која работи со бездомници во Окленд, Нов Зеланд, несвесно делела лижавчиња со потенцијално смртоносна доза на метамфетамин во своите пакети со храна, пишува Гардијан.

Станува збор за донирани пакети со храна. Мисијата на градот Окленд им кажа на новинарите дека персоналот почнал да контактира со околу 400 луѓе за да пронајдат пакети што содржат дрога метамфетамин во омоти за лижавчиња.

Новозеландската полиција отвори кривична истрага.

Количината на метамфетамин во секоја бонбона била до 300 пати поголема од нивото што некој вообичаено би го земал и може да биде фатално, според Новозеландската фондација за дроги, организација за политика и тестирање на дрога, која прва ги тестирала лижавчињата.

Бен Биркс Анг, портпарол на Фондацијата, рече дека „прикривањето“ на дрогата како безопасна стока е вообичаена техника на прекуграничен шверц и дека повеќе слатки можело да се дистрибуираат низ Нов Зеланд.

-Уличната вредност на едно лижавче е 608 американски долари, што значи дека донацијата од непознатото лице била случајна и ненамерна, вели Биркс Анг.

Нема хоспитализирани. мс/

фото: Пиксабеј

Остани поврзан