• сабота, 07 март 2026

Орбан: Европа не е подготвена за нова миграциска криза

Орбан: Европа не е подготвена за нова миграциска криза

Будимпешта, 6 март 2026 (МИА) - Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека Европа е целосно неподготвена за нова миграциска криза, но додаде дека неговата земја знае како да спречи влез на мигранти.

Орбан истакна дека националниот систем за управување со миграцијата, воведен во 2015 година, се темели на принципот дека во земјата можат да влезат само лица кои однапред добиле дозвола.

- На Запад им дозволуваат да влезат, а потоа тие остануваат во тие држави без оглед на одлуката за нивните барања за престој - рече унгарскиот премиер.

Според него, унгарскиот модел е „под напад“, при што ги обвини институциите на Европската Унија дека се обидуваат да ја принудат Будимпешта да ја прифати, како што рече, „погрешната миграциска политика на Западна Европа“.

Орбан нагласи дека главниот приоритет на Владата е безбедноста на државата. Според него, строгата контрола врз миграцијата е неопходна за да се спречат терористички напади и пораст на криминалот.

- Сигурно не сакам бројот на мигранти да порасне до степен да ни ја одземат земјата - додаде тој. ссм/

фото: ДПА архива

Остани поврзан