• вторник, 24 декември 2024

Општините Јегуновце и Теарце ќе соработуваат за асфалтирање на нов патен правец

Општините Јегуновце и Теарце ќе соработуваат за асфалтирање на нов патен правец

Тетово, 16 февраури 2023 (МИА) - Соседните општини Јегуновце и Теарце ќе соработуваат и заеднички ќе бараат поддршка од централните институции за нова асфалтна делница која ќе поврзува две села и ќе претставува приклучок за два регионални патни правци.  

Идејата е да наместо земјениот пат помеѓу Горно Орашје и Долно Орашје во рамки на Општина Јегуновце да има асфалтирана делница, преку која ќе може да се стигне до регионалниот пат Р1203 Тетово-Јажинце, како и до правецот Р2234 Сарај-Радуша-Јегуновце-Теарце.

-Како градоначалник на општина Јегуновце ја поддржувам иницијативата и барањата на граѓаните од населените места Беловиште, Вратница, Старо Село, Рогачево, Јажинце, Долно и Горно Орашје за пробивање на патот Долно-Горно Орашје за негово асфалтирање и ставање на функција и давам целосна подршка за реализирање на овој проект. Преку овој пат граѓаните од горенаведените населени места ќе можат да се приклучат на Регионалниот пат 2234 кој започнува од Сарај и се движи спротивно од реката Вардар преку Радуша и Јегуновце до Теарце, во близина кај делницата 1523 и за многу кратко време и пократка должина да стигнат до Градот Скопје, Аеродром, а преку обиколницата до северниот, источниот, централниот и југоисточниот дел од државата, изјави градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Претставниците на локалните самоуправи разговарале да поднесат барање до Министерството за транспорт и врски и до Владата на Република Северна Македонија за отворање на овој патен правец.

вој пат ќе придонесе за развој на селско-планинскиот туризам, каде љубителите на природата ќе можат полесно и побрзо да стигнат до излетничките места што ги нуди овој крај, како и посета на планинарскиот дом Љуботен и самиот врв.  Со овој пат благодет би имале и жителите од населените места на Општина Сарај, на кои ќе им биде овозможен побрз пристап до граничниот премин Јажиннце за влез во Република Косово, потенцира Костадиноски.

Од Горно до Долно Орашје има околу шест километри пат што треба да се асфалтира. Регионалниот пат 2234 има вкупна должина од 33,2 километри, додека Р1203 Тетово-Јажинце 27,7 километри. ас/дма/

Остани поврзан