• сабота, 23 ноември 2024

Општина Штип подели бадникови пакети на над сто семејства 

Општина Штип подели бадникови пакети на над сто семејства 

Штип, 6 јануари 2024 (МИА) - Над сто семејства од социјален ризик добија намирници за Бадниковата вечер. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека акцијата "Сите заедно, за среќни божиќни празници" се реализира со општествено-одговорни компанија во Штип. 

-Празниците се причина за да не спојат сите нас, порака за мир, љубов, соживот. Преку општествено-одговорни компании и Општина Штип трета година по ред се трудиме преку вакви симболични примери се трудиме да допреме до секое едно семејство, на коешто му е потребно грижа. Се надевам дека овој пример ќе продолжи во наредните години и не само ние како локална самоуправа заедно со општествено-одговорни компании да го практикуваме, туку ќе влијаеме кај сите нас да си подаваме рака, да си помагаме, вели Јорданов.

Пакетите за Бадниковата вечер на семејствата им беа доделени, а во нив има намирници за  трпезата на Бадник. вдј/аа/  

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан