• понеделник, 23 декември 2024

Општина Штип од данок на имот наплатила 33 милиони денари

Општина Штип од данок на имот наплатила 33 милиони денари

Штип, 18 јули 2024 (МИА) - Во Општина Штип постојано расте бројот на даночни обврзници кои данокот на имот го плаќаат пред истекот на рокот. Тоа значи дека штипјани имаат добра даночна дисциплина. Драган Каров вработен во Одделението за даноци во Општина Штип денеска изјави дека  општината има побарано 54 милиони денари за данок на имот, а досега се наплатени 33 милиони денари.

-Што се однесува за решенијата само од 2024 година процентот на наплата е 38 отсто. Даночните обврзници се почесто почнуваат да ги плаќаат даноците порано во текот на годината, бидејќи и општината согласно ингеренциите праќа опомени и решенија за насилна наплата на данок на имот, вели Каров. 

Данокот на имот согласно Закон треба да се плати до средината на ноември во тековната година. Може да се плаќа на неколку начини, пред истекот на рокот или на неколку рати. Каров посочува дека и оние даночни обврзници кои не ги подмириле сметки за данок и добиле опомена сега плаќаат, а резултат дава и присилната наплата. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан