• сабота, 27 јули 2024

Општина Чаир се приклучи на глобална борба против рак на дојка

Општина Чаир се приклучи на глобална борба против рак на дојка
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - Општина Чаир во соработка со здружението „Езра“ се приклучи во глобалната борба против рак на дојката. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу укажа на фактот дека лекарскиот преглед, поддршката, храброста и неоткажувањето се работите кои треба да им бидат приоритет на оние жени кои се борат со ракот на дојката, кои имаат најмало сомневање дека може да се зафатени од рак или оние кои можеби не се ни свесни дека достигнале понапредна фаза на рак, или можеби се во рана фаза. - Непобитен факт е дека треба да зборуваме и да имаме значајно влијание врз колективната свест за опасностите од ракот на дојката повеќе од еден ден, повеќе од еден месец, бидејќи бројот на жени погодени од оваа чума на векот расте со многу брзо темп. Да не дозволиме ракот да го каже последниот збор, бидејќи надежта е како сонцето, кое ја фрла сенката на товарот зад нас додека патуваме кон него. Сите го имаме последниот збор ако навреме интервенираме, рече Ганиу. Извршната директорка на Здружението „Езра“, Лиридона Беќири-Лимани пред присутните зборуваше за нејзиното лично искуство од ракот на дојката доживеано од нејзината мајка. Таа ги охрабри сите жени да ги направат потребните консултации и прегледи кои се повеќе од неопходни. Директорот на Универзитетската клиника за хирургија, Неџати Јакупи, ја пренесе пораката дека колку побрзи се интервенциите преку потребните контроли, ако само има сомнежи за постоење на рак, толку се поголеми шансите за преживување. И директорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев-Нино, упати порака дека со проверки и прегледи може да се спасат многу животи. фф/бак/

Остани поврзан